(Видео) Се’ уште трае спасувачката операција по 40 работници во разурнат тунел во Индија

Видео-Се-уште-трае-спасувачката-операција-по-40-работници-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачите во северна Индија се обидуваат да спасат 40 затрупани градежни работници по делумното уривање на тунел од автопат, објавија локалните медиуми. Уривањето на тунел во изградба долг 4,5 километри се случи вчера наутро во близина на Утаркаши во хималајската држава Утаракханд, објави „Хиндустан тајмс“, повикувајќи се на спасувачи.


„Најмалку 40 работници останаа заробени кога се урна околу 200 метри од тунелот“, рече претставникот на спасувачката служба Дургеш Ратоди.

Дел од тунелот се урнал кога група работници излегувала од градилиштето, а друга група пристигнувала.

Спасувачите се во контакт со затрупаните работници преку воки-токи. Никој не е повреден.

„Обезбедено е снабдување со кислород преку привремени цевки, даваме се’ од себе и ги правиме сите можни напори. Засега ситуацијата е под контрола и не е опасна по живот“, изјави за „Индијан експрес“ инспекторот за спасување Јагдамба Бијалван.

Спасувачите испраќаат храна преку цевки, додека со машини се обидуваат да ископаат премин до работниците кои се оддалечени околу 60 метри од излезот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK