–>

Нетанјаху: Можен е договор за ослободување на сите заложници

Нетанјаху-Газа-треба-да-биде-управувана-од-оние-кои-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека е можен договор за ослободување на околу 240 израелски заложници, земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври.

„Може да има договор“, рече тој во емисијата „Meet the Press“ на NBC.

„Колку помалку зборувам за тоа, толку повеќе ги зголемувам шансите да се случи“, додаде тој.

Нетанјаху не даде детали, но рече дека едно нешто што може да изнуди договор е воениот притисок што израелските одбранбени сили го вршат врз Хамас. Но, неименуван американски функционер рече дека ќе биде потребно прилично значајно затишје во конфликтот за да се дозволи ослободувањето.

Премиерот Нетанјаху ги отфрли се почестите повици за прекин на огнот, освен ако тоа не вклучува ослободување на сите заложници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK