Де Лаурентис на тренерот и играчите им забрани да даваат изјави

delaurentiis7_fg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис им забрани на тренерот Руди Гарсија и играчите да даваат изјави до понатамошно известување.


 

Контроверзниот сопственик на клубот од Неапол, одлуката ја донесе по шокантиот пораз на домашен терен од Емполи (0:1) во натпреварот од 12. коло на Серија А.

Како што пренесува италијанскиот спортски портал „football-italia.net“, Де Лаурентис на полувремето влегол во соблекувалната на тимот.

Ложата на стадионот „Диего Армандо Марадона“, првиот човек на Наполи ја напушти по голот на Емполи во првата минута од судиското надополнување.

Веднаш потоа на тренерот и играчите им порача дека им е забрането да даваат изјави до дополнително известување.

Според овој извор, Де Лаурентис го гледал натпреварот во друштво на Фабио Канаваро, поранешен играч на Наполи и роден Наполитанец.

Канаваро со недели во италијанските медиуми се споменува како наследник на Руди Гарсија на клупата на актуелниот шампион во Серија А.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK