Капелo за Роналдо и Касано: Едниот мириса на алкохол, другиот нарачуваше помфрит

Капелo-за-Роналдо-и-Касано-Едниот-мириса-на-алкохол-другиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фабио Капело, во својата долга и богата тренерска кариера, работел со големи ѕвезди и со ѕвезди кои непрофесионално се однесувале кон своите обврски. За шпанските медиуми открил како му било во вториот мандат во Реал, кога во тимот биле оригиналниот Роналдо и Антонио Касано.



„Во февруари 2007 година решив да го отпуштам Роналдо. Тој беше некој кој сака премногу да се забавува и негативно влијаеше врз тимот“, објасни трофејниот стратег.

Во едно од претходните интервјуа, Капело изјави дека по пристигнувањето во Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој му се пожалил дека соблекувалната мириса на алкохол.

„Тоа беше вистина“, потврди Италијанецот.

Причината за разделбата со Роналдо била неговата прекумерна тежина.

„Кога пристигнав, Роналдо имаше 94 килограми. На Светското првенство во 2002 година имаше 82. Му реков дака мора да ја намали тежината и го направи тоа. Од 94 дојде на 92,5 килограми“.

Кога поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони му се јавил за совет, Капело му рекол да не го доведува Бразилецот. Тој не го послушал, а трансферот изнесувал околу 8.000.000 евра.

„Берлускони ми се јави еден ден и ми постави хипотетичко прашање за трансфер на Роналдо. Го советував да не го прави тоа, му реков дека е тип кој сака да се забавува и мисли само на жени. Ми се заблагодари, а следниот ден прочитав наслов: „Роналдо во Милан“, се сеќава Капело.

За две сезони во Милан, Роналдо собра едвај 20 натпревари, на кои постигна шест гола. Повеќе време поминуваше во амбуланта отколку на теренот…

Бразилецот не беше единствениот предизвик со кој се соочи Фабио Капело во Мадрид. Проблеми му правел и Антонио Касано.

„Често се каравме. Касано нарачуваше помфрит пред секој натпревар, што е недозволиво, но јас повеќе му се лутев на нашиот готвач отколку на Касано“, изјави Италијанецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK