Десетгодишно момче од Шпанија беше спасено откако осум часа се држеше за дрво за да не го однесе надојдената вода во која досега загинаа најмалку пет лица во земјата.
Семејството на момчето престојувало во викендица во градот Алдеа дел Фресно, западно од Мадрид, а кога во неделата започнало невремето, заминале со автомобил, кој го однела водата.
Момчето било пронајдено следното утро, валкано и помодрено, но живо.
Localizado con vida el menor desaparecido por la #DANA en #Madrid. Viajaba en coche con sus padres y su hermana.
La madre y la hermana aparecieron anoche, y el padre a esta hora continúa desaparecido. pic.twitter.com/MN0atWCjuv
— Guardia Civil (@guardiacivil) September 4, 2023
Од поплавата се спасени и неговата мајка и сестра, но неговиот татко се уште се води како исчезнат, пренесува „Гардијан“.
Во неделата и понеделникот, обилните врнежи предизвикаа големи поплави во централна Шпанија.
Како резултат на невремето затворени се патиштата и линиите на метрото, а прекинати се и брзите возови, соопштија властите.
Ненадејните обилни дождови ги претворија улиците во реки од кал, влечејќи автомобили и корпи за отпадоци во областите на Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.
На многу места падна град.