Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила на духовит начин ја поздравија веста дека Роберт Патинсон е избран за новиот Џејмс Бонд.
Само неколку минути по официјалната објава, на Инстаграм-профилот на британското кралско семејство беше објавена фотографија со пораката: „Добредојдовте во тајната служба на Неговото Величество, господине Бонд“.
Студиото „Амазон МГМ“ денеска потврди дека 40-годишниот британски актер Роберт Патинсон ќе го наследи Даниел Крег во улогата на агентот 007. Новиот, 26. филм од франшизата се очекува во 2028 година, во режија на Дени Вилнев, според сценарио на Стивен Најт.
Британското кралско семејство има долгогодишна поврзаност со филмовите за Џејмс Бонд. Чарлс и Камила присуствувале на повеќе премиери, а кралот во 2019 година го посетил и снимањето на филмот „Не е време за умирање“.