Вчера вечер во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода 43-годишниот Н.П. од Куманово, извести МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.