Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повеќе не се во тајна врска и сè почесто објавуваат заеднички работи на социјалните мрежи откако ја потврдија својата романса што трае со месеци. Тие моментално се на заеднички одмор, а возачот на Формула 1 објави неколку фотографии на кои е присутна и ријалити ѕвездата.
На една од сликите, Ким позира на лулашка во фустан со отворен грб, додека тој е во преден план, свртен со грб, што јасно укажува дека уживаат во своите заеднички моменти и дека апсолутно повеќе немаат што да кријат.
View this post on Instagram
„Само дел од летниот одмор. Благодарен сум за овие денови одмор. Се враќам на патеката полн со енергија и подготвен“, напиша популарниот Луис.
Тој сподели и неколку семејни моменти, од плажа, од манастирот, а неодамна помина време со семејството на Ким Кардашијан и позираше со нејзините деца.
View this post on Instagram
Гласините за нивната врска траеја со месеци, сè додека во јуни ријалити ѕвездата не објави нивни заеднички слики, со што потврди дека има нова љубов.