Тајфунот Саола денеска го погоди јужниот дел на Тајван, носејќи силен дожд, иако не се очекува директно да дојде на копно.
Тајван издаде предупредувања за тајфунот на копно и море, а фериботите и летовите до неколку острови и југоисточниот град Тајтунг се откажани, објави Ројтерс.
China’s Guangdong, Fujian provinces take early action as Typhoon Saola looms#News #China #TyphoonSaola #typhoon #disaster pic.twitter.com/0UP67N4MO4
— Haise (@aramaki27) August 30, 2023
Најобилниот дожд се предвидува да падне во планинските региони на округот Пингтунг на крајниот југ, каде наставата и работата денеска беа прекинати во некои општини, како и на источниот брег на Тајван.