Манчини утре ќе биде промовиран во селектор на Саудиска Арабија

F4SfPQLXEAAv6UP-e1693154692539.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку недели откако изненадувачки си поднесе оставка од позицијата селектор на Италија, Роберто Манчини утре ќе биде промовиран во нов селектор на Саудиска Арабија со фантастична плата од 25 милиони евра годишно, тврди „Ла газета дело спорт“.


Саудиската фудбалска федерација најави прес-конференција за утре во 15 часот, и се очекува Манчини да потпише четиригодишен договор до 2027 година со фантастична плата од 25 милиони евра (без да има потреба да плаќа данок).

Манчини инсистираше дека неговото заминување нема врска со понудата од Саудиска Арабија, иако италијанските медиуми објавија дека преговорите започнале пред една недела. Дебито на Манчини на клупата ќе биде на „Сент Џејмс парк“ во Њукасл, каде што Саудијците ја пречекуват Костарика во пријателски меч на 8 септември, а потоа на истиот стадион ќе играат и со Јужна Кореја на 12 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK