Министерот за правда, Кренар Лога, остварил разговор со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер.
„Отворен, пријателски разговор, во доверба, за нови патеки за соработка со државниот обвинител на Швајцарија, г. Стефан Блатлер. Борба против организираниот криминал, валканите пари на политичарите и олигарсите, помош за реформа на правосудниот систем итн.
Прозорецот за соработка останува отворен за понатамошни состаноци на високо ниво со мојот швајцарски колега, наскоро“, велат од министерството за правда.