(Видео) Зеленски: вчера се случи катастрофа, Украина нема да ве заборави

1693130058_zelenski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање најави дека ќе се утврдат сите околности за судирот на борбениот тренинг авион Л-39 над регионот Житомир.


– Вчера се случи катастрофа на небото над регионот Житомир. Загинаа тројца пилоти. Меѓу нив беше и Андреј Пилшчиков, викан Џус. Тој беше украински офицер, еден од оние кои многу и помогнаа на нашата земја. Многу! Сочувство до семејството и пријателите, до сите што ги познаваа момчињата – рече Зеленски.

Истрагата за тоа што се случи е во тек, рече тој.

– Се уште е рано да се зборува за детали. Секако, ќе се разјаснат сите околности. Се разбира, Украина никогаш нема да заборави некој што го бранеше слободното небо на Украина – додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK