Во Пакистан евакуирани 100.000 луѓе: поплавени се села, уништени насади

1692790655_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 100.000 луѓе се евакуирани од поплавените села во пакистанската провинција Пенџаб.


Неколку стотици села во Пенџаб беа потопени поради излевањето на реката Сутлеј, а уништени се илјадници хектари земјоделско земјиште, особено насади.

„Спасивме 100.000 луѓе и ги транспортиравме на побезбедни места“, изјави за AFP Фарук Ахмад, портпарол на службите за итни случаи во Пенџаб.

Насипите кои требаше да ги заштитат живеалиштата не издржаа и веќе не може по пат да се стигне до стотици села.

Продолжуваат операциите за помош во поплавените подрачја каде службите за итни случаи користат чамци за да превезуваат жени, деца, мажи и добиток на безбедно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK