Вчера во 10.40 часот во Полициската станица Ресен, М.М.(64) од Ресен пријавила дека била измамена од женско лице за сума од 2.622.200,00 денари.
Според пријавеното, пред околу една година, пријавената и рекла на М.М. дека треба да ги смени еврата и австралиските долари бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат.
Како што е пријавено, М.М. и дала 21.900 евра и 17.900 австралиски долари, а таа и ветила дека месечно ќе и исплаќа дел од парите.
Исто така, според пријавеното, пред околу еден месец пријавената повторно и се јавила и и кажала дека треба да ги размени и швајцарските франци, а откако и ги дала парите таа и кажала дека ќе и ги размени за неколку дена бидејќи моментално немала доволно кај неа.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.