„Marvel“ се огласи по смртта на Патрик Стјуарт: „Тој беше вистински џентлмен“


british-actor-patrick-stewart-attends-depositphotos_235760884_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Marvel Studios“ му оддаде почит на британскиот актер Патрик Стјуарт, кој почина на 87-годишна возраст. Стјуарт долги години го толкуваше ликот на Професор Икс (Professor X) во филмовите „Икс-мен“ (X-Men), а „Marvel“ сподели емотивна објава во негова чест на социјалната мрежа X.


„Сите во ’Marvel Studios‘ се длабоко тажни поради смртта на Патрик Стјуарт. Патрик му вдахна живот на професорот Чарлс Ксавиер на уникатен начин, внесувајќи во ликот извонредна елеганција, интелигенција и хуманост. Неговата изведба го дефинираше ликот на Професор Икс за генерации обожаватели – од филмовите ’Икс-мен‘ и ’Логан‘, па сè до ’Одмаздници: Суден ден‘ (Avengers: Doomsday)“, напишаа тие.

„Тој беше единствен актер, прекрасен соработник и вистински џентлмен. Нашите мисли се со неговата сопруга Сани, неговите деца, пријателите и безбројните обожаватели ширум светот чии животи ги допре преку својата работа“, додадоа тие.

Патрик Стјуарт почина во средата, на 28 октомври, во својот дом во Лос Анџелес.

Актерот почина по кратка борба со Алцхајмерова болест и деменција со Левиеви тела. Веста за неговата смрт ја потврди неговата портпаролка, Кели Буш Новак. Последните моменти ги помина опкружен од семејството и пријателите.

Актерската кариера на Стјуарт траеше повеќе од шест децении. Светска слава стекна со улогата на капетан Пикард во серијата „Ѕвездени патеки: Следната генерација“ (Star Trek: The Next Generation), а во раните 2000-ти години освои нова генерација гледачи како професорот Чарлс Ксавиер во филмскиот серијал „Икс-мен“. Тој повторно ја толкуваше оваа улога во бројни продолженија, вклучувајќи ги „X2“, „X-Men: Days of Future Past“ и „Logan“, како и во филмот на „Марвел“ од 2022 година, „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK