Кендис Сванепул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања воодушеви многумина.
Супермоделот Кендис Сванепул е заштитно лице на најновата новогодишна колекција на „Victoria’s Secret“. По нејзиното спектакуларно појавување на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадување што таа сега е во центарот на вниманието во нивната најнова кампања.
View this post on Instagram
Кендис гордо позираше во впечатливи парчиња – поточно, во долна облека од тантела во интензивна сина боја, која совршено ја истакна нејзината прекрасна фигура. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот и високи потпетици што ги нагласија нејзините витки нозе.
View this post on Instagram
За да ја долови магијата на Новата година, еден од најпознатите светски модели позираше покрај огромни подароци, завиткани со украсни ленти.
Својот секси изглед го комплетираше со брановидна фризура и впечатлива шминка, што дополнително ја истакна нејзината харизма на вистинска заводничка.