Новиот тренер на Динамо, Сергеј Јакировиќ го даде своето прво интервју, откако во текот на вчерашниот ден ненадејно ја напушти Риека и му се приклучи на тимот од Загреб. Јакировиќ го наследи Игор Бишчан кој доби отказ по елиминацијата од АЕК во квалификаците во Лигата на шампионите и лошиот старт во домашното првенство.
„Чест ми е што станав тренер на Динамо. Изненаден сум, шокиран, во 14 часот пливав во морето, но до 15 часот се беше готово. Се се случи со молскавична брзина, но таков е фудбалот денес. Понуда и побарувачка. Ова е шанса што не се добива често. Со работа и квалитетни резултати во последните три години ја заслужив оваа можност. Сега сум тука, се надевам дека ќе продолжам како претходно.Дека ќе победуваме, ќе играме напаѓачки фудбал, да ги расположиме навивачите и сите што го сакаат Динамо“, рече Јакировиќ.
Да потсетиме, во понеделникот, се огласија и челниците на Риека, откако клубот ненадејно остана без тренерот и целиот стручен штаб.
Од Риека особено се револтирани од начинот на кој Јакировиќ го напушти клубот и „непрофесионалното“ однесување на Динамо. За земинувањето на тренерот дознале на „Фејсбук“, а се вознемирени бидејќи Динамо не го контактирал клубот туку директно преговарал со тренерот.