Изложба „Градски костими“ на Наде Геневска Брачиќ во музејот на Стерјо Спасе во албанското село Глобочани

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, вчера во музејот на Стерјо Спасе во село Глобочани, општина Шустер, Албанија, беше поставена изложбата „Градски костими“, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник, објави македонската амбасада.

Изложбата е реализирана во рамки на проектот „SMART4YOU2″ а во соработка на НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за културно наследство – Корча, како дел од партнерството кое што го сочинуваат и Општина Битола, Општина Пустец и Младинскиот културен центар од Битола.


Проектот „SMART4YOU2″ се имплементира во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа, стои во објавата.

На отворањето на изложбата се обратија градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, директорот на Директоратот за културно наследство Аманада Чичи, директорот на НУ „Завод и Музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова и авторот на изложбата Наде Геневска Брачиќ.

– На изложбата присуствуваа поголем број на посетители кои со огромен интерес ја проследија изложбата и дискутираа околу поединечни облековни елементи и костими кои претставуваат значаен дел од македонската традиција и култура, посочуваат од македонската амбасада во Тирана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK