Претставата на Струмичкиот театар „Пчелите ќе умрат“ вечер ќе биде изведена на 11-от Меѓународен фестивал „НЕТА-Нова европска театaрска акција“ што се одржува во Враца, Бугарија.
Според информацијата од директорот на ФКТ „Ристо Шишков“, Ванчо Ристов Патриков, претставата ќе се одигра на големата сцена на Театарот во Враца во официјалната фестивалска конкуренција.
-По неодамнешта премиера во Струмица, „Пчелите ќе умрат“ го има првото меѓународно фестивалско гостување. Се надевам дека пред љубителите на театарската уметност во Враца успешно ќе се претставиме и ќе ги задоволиме вкусовите на фестивалското жири, изјави Ристов Патриков.
Инаку, претставата е по текст на Иван Вирипаев, а режијата е на Драгана Таневска во копродукција на НТ „Антон Панов“ и ФКТ „Ристо Шишков“. Улогите ги толкуваат Ангелина Тренчева Ангелова, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.