ОДЛИЧЕН УСПЕХ НА БАЛКАНСКИОТ ТУРНИР “ОХРИД ОПЕН 2023„ПОМЕЃУ 570 ТАКМИЧАРИ ОД 6 ЗЕМЈИ,К К. “ЗАНШИН ДО” – БИТОЛА ОСВОИ 3 ЗЛАТА, 6 СРЕБРА, 17 БРОНЗИ , 3 ПЕХАРИ И ПЕХАР ЗА МАСОВЕН НАСТАП
На балканскиот турнир „ОХРИД ОПЕН 2023„ кој се одржа во Охрид на 14.05.2023 год. Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 35 натпреварувачи во 43 категории и се закити со : 3 златни медали ,6 сребрени медали , 17 бронзени медали и пехар за најмасовен пехар. На овај натпревар учествуваа 570 натпреварувачи од 6 држави од Балканот . Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА беше најмасовен клуб и го освои пехарот за најмасовен настап како и 3 пехари за прво освоени злата во ката тим. На овај исклучителен турнир со златен медал се закитија:
Николај Петковски, Јована Јовановиќ и Стела Ризова во ката тим 2016 и помлади Ж, Стефан Тодоровски, Виктор Ристевски и Каја Темелковска2012/2013 ката тим М и Александар Божиновски, Давид Стојчевски и Михаил Марковски ката тим 2009/2010М . Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски во апсолутна категорија 2016 год. Николај Петковск, Божидар Свидерски и Стела Ризова во ката тим 2016 и помлади М, Маргарита Велјановска, Јасна Дунгов и Надалина Талевска ката тим кадети Ж, Стефан Тодоровски 2011 ката , Александар Божиновски Кадети, Стефанија Петковска сениори ката. Со бронзен медал се закитија: Теофан Ивановски ката 2015 год. М, Лука Гиланов ката 2015 М ,Николај Петковски во ката апсолутна категорија 2016 ., Николај Петковски во ката 2015 год.,Надалина Талевска 2010год второ и трето ниво, Емилија Илковска, Елена Јончевска и Леона Алиловска ката тим кадети Ж , Давид Стојчевски, Леона Алиловска и Надалина Талевска ката тим кадети Ж, Јована Јовановиќ 2016 ката Ж, Стела Ризова ката 2015 Ж, Свидерски Божидар ката 2015 М, Каја Темелковска второ и трето ниво 2012 год. Ж, Леона Алиловска кадети ката и Тони Кулевски кумите кадети +70кг.
Горда сум како тренер ова е голем успех не само за К. К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА туку и за Битола бидеќи градот на конзулите беше присутен во секоја категорија на пиедестал. Некогаш каратето во Битола умираше а сега Битола е рамноправен противник на европските клубови.
На 21 мај клубот ќе настапи на Балканскиот турнир СОЛИДАРНОСТ ОПЕН на кој очекуваме уште подобар резултат.