Руте: НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради бројните руски саботажи

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека поддршката за Украина ќе биде зголемена поради бројните „саботажи и непријателски дејствија“ што Русија ги презема во последните месеци. „Русија продолжува со својата безгрижна кампања на непријателски дејствија против НАТО. Се обидува да ја ослабне нашата решителност и да ја спречи нашата поддршка за Украина. Но, не успева“, изјави Руте пред …

Continue Reading

Сали на Конференцијата за Западен Балкан во Виена: Европската интеграција треба да создава конкретни можности за граѓаните

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер. Во дискусиите за иднината на Западен Балкан, министерот Сали истакна дека процесот на проширување треба да носи видливи придобивки за граѓаните и пред членството. Посебен акцент стави на младите …

Continue Reading

Војската уапси четворица полски државјани, биле затенкнати кај воени магацини во Тетово

Четворица полски државјани се уапсени вчера откако биле затенкнати кај воени магацини во Тетово. Според информациите на МВР, вчера во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот. Војниците кои биле на …

Continue Reading

Загина возач на патот Струмица – Радовиш, со камион излетал од патот

Возач од село Сушево, струмичко загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Струмица – Радовиш. Вчера во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот. Од здобиените …

Continue Reading

Левица: Патриотите од ДПМНЕ го оставија Македониум да пропаѓа, го распродаваат македонското културно наследство

„Деновиве се појави спот на косовскиот рапер DON XHONI, снимен во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево“, истакнуваат од Левица. Секторот за култура на Левица, додаваат од партијата, најостро реагира на ваквото користење на Македониумот, бидејќи, како што велат, станува збор за меморијален комплекс посветен на Илинденското востание и Народноослободителната борба, во чија внатрешност се наоѓа гробот на Никола Карев …

Continue Reading

Инфантино ја купува довербата на членките на ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави можноста фудбалските федерации ширум светот да добијат поголем дел од парите од резервите на организацијата, кои се проценуваат на околу 5 милијарди евра. Во писмо упатено до шесте континентални конфедерации, Инфантино рече дека ќе поддржи „највисоко ниво на дополнително финансирање што може одговорно да се исплати“. Неговата објава доаѓа по зголемениот притисок околу …

Continue Reading

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии, според соопштеното, бил подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. „Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници …

Continue Reading

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицакци вчера биле нападнати во Липково. Според информациите на МВР, вчера во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои …

Continue Reading

70-годишна жена со автомобил удри во дете, со тешки повреди пренесено во болница

Десетгодишно дете е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, несреќата се случила завчера во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје кога 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило …

Continue Reading