Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 …

Continue Reading

Инспекторите во акција: Отстранети сите диви тезги на Бит пазар, одземени 500 килограми храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска во утринските часови, во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Од АХВ информираат …

Continue Reading

Димовски во Тетово: Комуникацијата со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети компанијата „Леар“ во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со …

Continue Reading

Со шпанскиот писател Елој Морено, отворено 12. издание на „BookStar“

Со громогласен аплауз и невидено внимание, учениците од четири скопски училишта го пречекаа најчитаниот современ шпански писател Елој Морено и добија можност одблиску да го запознаат авторот на нивните омилени книги – „Невидлив“ и „Мрежи“. Вечерта, пак имавме можност да уживаме во длабокопромисленото обраќање на Оливера Ќорвезироска и емотивниот говор на Жарко Кујунџиски. Така започна првиот ден од 12. издание …

Continue Reading

Петрушевски: Му порачуваме на Филипче да не се грижи за Македонија, прво нека ги консолидира страстите во опозицијата за СДС да застане на нозе

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ му порача на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да не се грижи за Македонија и вели „прво нека ги консолидира страстите во опозицијата за СДС да застане на нозе“. „Талогот од СДС и контаршот Венко Филипче речиси секој ден ги слушаме како повторуваат само едно – ние сме против. И така повторуваат дека се против нови индустрии …

Continue Reading

Во Јапонија е срушен рекорд, речиси една третина од населението е над 65 години

Бројот на луѓе над 65 години во Јапонија го сруши рекордот и сега тие се 29,4 проценти од вкупното население, додека вкупниот број на жители на таа земја е намален за повеќе од три милиони, според резултатите од пописот објавен денес. Ова е зголемување од 0,9 проценти во споредба со претходниот попис на населението од 2020 година, објавува „Кјодо“, кој …

Continue Reading

Покетино за Манчестер Сити: Живеевме во период на измама

Селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Покетино, зборуваше за одлуката на Премиер лигата во случајот со Манчестер Сити и изрази големо разочарување поради бројните пронајдени финансиски неправилности. Премиер лигата, според повеќе медиуми, утврди дека Манчестер Сити прекршил голем број од вкупно 115 обвинувања поврзани со финансиските прописи помеѓу 2009 и 2018 година. За време на својата кариера, Покетино ги водеше …

Continue Reading

Јавниот обвинител на РСМ на средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC)

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ги прими во работна посета претставниците на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC), со кои разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе специфични области од областа на борбата против прекуграничниот криминал, размената на информации и спречување на илегалната трговија со дрога и луѓе. На средбата …

Continue Reading

Во Фиџи е прогласена вонредна состојба поради ХИВ

Властите на Фиџи прогласија национална здравствена вонредна состојба за справување со порастот на случаите на ХИВ, при што се проценува дека еден од 60 возрасни лица сега живее со вирусот. Оваа одлука е донесена по неодамна објавените податоци на УНАИД кои покажаа значително зголемување на бројот на нови инфекции, со 2.016 нови случаи дијагностицирани во 2025 година – што е …

Continue Reading