(Видео) Ердоган во Њујорк: ќе бара признавање на Палестина и мерки против Израел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Њујорк за 81-вата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Се очекува во своето 16-то обраќање пред Генералното собрание, Ердоган да се фокусира на Газа, палестинската државност и меѓународните мерки против Израел. На аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ го пречекаа турскиот амбасадор во САД, Седат Онал, постојаниот претставник во ОН, Ахмет Јилдиз, како и …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур: Денешниот ден нè потсетува дека помирувањето не е само религиозна, туку и суштинска човечка и цивилизациска вредност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур. „Почитуван г. Пепо Леви, Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија на чие чело сте, со длабока почит кон Јом Кипур, да ви упатам искрени желби за духовен …

Continue Reading

Нетанјаху нареди засилување на воените операции на целиот Западен Брег

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нареди засилување на воените операции на целиот окупиран Западен Брег, по нападот во близина на израелската населба Неве Цуф, северозападно од Рамала, во кој загина едно лице. Израелската војска соопшти дека уапсила Палестинец осомничен за нападот во близина на Неве Цуф, позната и како Халамиш. Нетанјаху изјави дека израелските сили ќе ги гонат сите кои учествувале …

Continue Reading

„Најголемото економско чудо е што македонскиот работник воопшто успева да го преживее месецот“, велат од Левица

„Мицкоски навистина е во право кога зборува за Македонија како економско чудо. Најголемото економско чудо е што македонскиот работник воопшто успева да го преживее месецот. Минималната синдикална кошничка во септември стигна до 69.432 денари, а со кирија до 84.807 денари. Минималната плата пак, ‘благодарение’ на ДПМНЕ, остана најмизерна во регионот и изнесува 26.046 денари, а последната објавена просечна нето-плата 48.381 …

Continue Reading

СДСМ: Максим Димитриевски призна дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број

Можело да се јави и ЗНАМ 3.0 вели Максим Димитриевски. Ова е признание на Максо дека ЗНАМ се сателити на ВМРО, сите со сериски број, реагира СДСМ како дел од серијата препукувања меѓу двете партии. „ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски, да ја урива СДСМ одвнатре. Ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите. Влегоа во власта, …

Continue Reading

Шест казни од по 1.300 евра по контроли на градилиштата во Центар

Инспекциските служби на Општина Центар во текот на изминатата недела посетиле 10 активни градилишта, при што се утврдени сериозни пропусти во почитувањето на законските обврски, информираат од општината. За време на теренските контроли извршени во доцните попладневни часови констатирани се нарушувања на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота, пришто изречени се 6 казни во висина од по …

Continue Reading

ЛДП бара од Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел

„Неработникот и недоаѓач на работа екс-вицепремиер наместо казна и вратени пари за незаработената плата доби унапредување и измислена функција во Брисел како “специјален претставник на Владата” при ЕУ. И така (о)стана дел “елитата” платена со народни пари. Тоа е сѐ што јавноста дозна. Додека цените растат побрзо од платите и додека над 70.000 денари се потребни за основни трошоци за …

Continue Reading

Жена од Србија почина на плажа на Халкидики

84-годишна жена, по потекло од Србија, почина на плажата Ханиоти на Халкидики, и покрај напорите на спасувачите на вода, еден доброволец-спасувач и тимот на брзата помош да ја реанимираат, објавија грчките медиуми. Според изјавата на доброволецот-спасувач, двајца спасувачи веднаш интервенирале на лице место, преземајќи стандардни мерки кои вклучувале употреба на дефибрилатор, давање медицински кислород и започнување постапка за реанимација. Напорите …

Continue Reading

Северна Кореја: Нема да дозволиме ограничување на соработката со други земји

Северна Кореја соопшти дека нема да толерира обиди на непријателски сили да ја ограничат нејзината меѓународна соработка и порача дека новите санкции нема да го спречат развојот на земјата и заштитата на нејзините интереси, објави државната агенција КЦНА. Пјонгјанг го обвини Мултилатералниот тим за следење на санкциите (МСМТ), составен од 11 држави, дека изготвил лажен извештај со кој, според Северна …

Continue Reading