Астон Вила потврди два големи трансфери

Астон Вила официјално ги потврди трансферите на Матео Руџиери и Зајон Сузуки. Италијанскиот дефанзивец дојде од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, плус 1,5 милиони евра бонуси, додека јапонскиот голман, кој беше на работ на трансфер во Пари Сен Жермен, пристигнува од Парма за 30 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси. Руџери (24) доаѓа на „Вила Парк“ по само …

Continue Reading

Муцунски – Мацинка: Ја цениме принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за нашиот европски пат и за полноправното членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид е домаќин на неговиот чешки колега, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Како што информираше министерот Муцунски, било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања. „Чешката Република е еден од …

Continue Reading

Над 250 учесници на бесплатната обука на dm и „Матрона“ посветена на психичките промени во бременоста и по породувањето

Над 250 учесници беа дел од бесплатната онлајн обука што dm drogerie markt и Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“ ја реализираа на 18 август во рамки на „Караванот на мајчинство“. Овојпат, во фокусот беше една исклучително важна тема за идните и новите мајки – психичките и емоционалните промени во текот на бременоста и периодот по …

Continue Reading

„Ми недостасуваат зборови… македонски мајстор” – меѓународните медиуми полни фалби за „Добри луѓе“ на Манчевски

По светската премиера на документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал, меѓународните медиуми продолжуваат со пофалбите. Први објавија „Варајати“ и „Синеуропа“ (која за филмот вели дека „го прогонува гледачот“) и бројни регионални медиуми, но интересот за филмот не стивнува. Напротив, објавени се нови критички осврти и текстови посветени на филмот. Од САД и Италија, до Србија, Босна …

Continue Reading

Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава

Во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници кои треба да овозможат едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари и треба да биде завршена за три месеци. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. …

Continue Reading

Како да го изберете преклопливиот телефон што ви одговара: Водич за најновата Galaxy Z серија

– Кога купувате нов телефон, веројатно читате рецензии и гледате видеа со споредби во потрага по „најдобриот“ уред. Иако рангирањата можат да бидат корисни, тие не можат да одговорат на најважното прашање: кој телефон е најдобар за вас? Одговорот зависи од личните потреби, како што се начинот на кој сакате да работите, да создавате содржини и да останете поврзани во …

Continue Reading

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка …

Continue Reading

Русија и Украина разменија затвореници

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека разменило воени затвореници со Украина. „Денес, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени затвореници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС. Минатата недела, во четвртокот, Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и …

Continue Reading

„Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител“, велат од Левица

„Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во …

Continue Reading