(Фото) Централна свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата
По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање …
Continue Reading
Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. „Честит 18 август – Денот на Армијата на Република …
Continue Reading
Приведени девет лица од Батинци: фрлале камења едни кон други, оштетиле и полициско возило
Вчера во село Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.С.(57), С.С.(22), М.С.(22), Р.С.(23), Н.С.(48), И.М.(41), Д.М.(21) и двајца малолетници, сите од село Батинци, постапувајќи по претходна пријава дека меѓусебно едни кон други фрлале камења, при што било оштетено и полициско возило. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе …
Continue Reading
Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. „Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната стабилност. …
Continue Reading
Автобус на ЈСП се запалил во движење: возачот го изгаснал пожарот
Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Continue Reading
Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата, прашува СДСМ
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете …
Continue Reading
Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата отвора можност за намалување до 10%
-
новинар
-
August 18, 2026
-
Македонија
-
0 Comments
Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира …
Continue Reading
Уапсен 24-годишник во Кисела Вода: физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга
Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот М.С., постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Со возило излетал од булевар во Тетово и прегазил 67-годишник: мажот со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од село Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди …
Continue Reading