Џаред Лето остана без улога по новите обвинувања за сексуално злоставување

Џаред Лето нема да игра во политичкиот трилер „Атентат“, откако продукцијата се откажала од соработката поради серијата обвинувања за сексуално злоставување, објавува „Пејџ сикс“, повикувајќи се на извори блиски до проектот. Според истите извори, Лето бил во завршна фаза од преговорите за улогата, но продукцијата одлучила да не го ангажира поради зголемениот број обвинувања против него. Обвинувањата повторно се најдоа …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека знаел, а молчел за небезбедната вода во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека граѓаните на Општина Гостивар со години пиеле небезбедна вода додека СДСМ била на власт и дека тогашните институции не ги информирале граѓаните за резултатите од анализите. Од партијата тврдат дека, иако во повеќе наврати анализите на водата од гостиварскиот водовод покажале небезбедна вода за пиење и зголемено присуство на колиформни бактерии, тогашната власт, како и Венко Филипче …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Модел на вештачка интелигенција создал лажен идентитет и испраќал пораки

Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) соопшти дека при тестирање, моделите „Митос“ на компанијата „Антропик“ и „Сол“ на „ОпенАИ“ се обиделе да измамат луѓе за да ги исполнат зададените задачи. Според Институтот, најсериозниот инцидент се однесувал на моделот „Митос“, кој во рамките на тест од областа на сајбер-безбедноста се обидел да внесе злонамерен код во платформата „ГитХаб“. За …

Continue Reading

Иуте Македонија влегува на домашниот пазар на капитал со првата корпоративна обврзница

Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. …

Continue Reading

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: во невремето загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица. Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем …

Continue Reading

СДСМ: Анализата на водата во Гостивар ќе се чека до 20 август, власта си игра со здравјето на граѓаните

СДСМ обвини дека Владата неодговорно постапува со состојбата со водата за пиење во Гостивар, по објавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека официјалните резултати од анализата на водата ќе бидат познати до 20 август. „Како тогаш можеше да се тврди дека водата е технички исправна, ако анализите сè уште не се готови?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека Владата се …

Continue Reading

Инфантино се извини за грешките, но останува претседател на ФИФА

Џани Инфантино се извини за грешките поврзани со контроверзниот план дел од натпреварувањата под капата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да им се продаде на приватни инвеститори, но ќе остане претседател на светската фудбалска организација, откако доби поддршка од највисокото раководство на состанокот во Рабат, Мароко. По сè погласните критики за неговата идеја – од која, според медиумите, во меѓувреме …

Continue Reading

Крпите повторно ќе бидат меки: тајната е во една состојка што ја имате дома

Меките крпи со текот на времето често стануваат груби поради водата, наслагите од детергентот и нечистотиите. Но, според експерти за чистење, нивната мекост може лесно да се врати со обична сода бикарбона. Инфлуенсерката Леан, која споделува совети за одржување на домот, препорачува во барабанот на машината за перење, заедно со крпите, да се додаде околу половина шолја сода бикарбона. Таа …

Continue Reading

Италијанка случајно фрлила добитно ливче од милион евра, комуналците го пронајдоа во камион за отпад

Добитно лото-ливче вредно еден милион евра беше пронајдено во Италија, откако неговата сопственичка побарала помош од комуналните служби, пренесува АФП. Жената го проверила ливчето во локална продавница, каде што на апаратот се појавила порака дека добивката не може да биде исплатена на тоа продажно место. Погрешно помислила дека не добила ништо и го оставила ливчето, кое подоцна завршило во отпад. …

Continue Reading