Скопјанец нападнат од тинејџер на бензинска пумпа во Чаир
Педесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од 17-годишник на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир. Инцидентот се случил на 26 јули околу 21:05 часот, по претходно недоразбирање меѓу двајцата. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Continue Reading
Сметките за парно во Скопје повисоки за 140 денари од 1 август
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е …
Continue Reading
Интер бара 70 милиони евра за Бастони
Реал Мадрид не се откажа од Алесандро Бастони, но Интер нема намера да го пушти за помалку од 70 милиони евра. Како што објави „АС“, Жозе Мурињо сака уште еден врвен стопер, иако клубот веќе имаше многу активно лето и ги донесе Ибрахима Конате, Марко Кукурељо и Дензел Дамфрис. Португалецот врши голема реконструкција на одбраната, а Бастони наводно е профилот …
Continue Reading
Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за измени на Законот за нотаријат и дигитализација на услугите
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува посветено на …
Continue Reading
Тошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската, опозицијата, без хистерија, да се фокусира на доброто за граѓните
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто …
Continue Reading
Горивата од утре поскапи: Дизелот за 4,5, a бензините за 3 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во …
Continue Reading
Уште поубава продавница на старо место: Реновирање на dm во Градски трговски центар (ГТЦ)
-
новинар
-
July 27, 2026
-
Промо
-
0 Comments
Со цел на своите купувачи да им овозможи уште попријатно, помодерно и поквалитетно шопинг искуство, компанијата dm drogerie markt ќе започне со реновирање на својата продавница во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Поради тоа, продавницата во ГТЦ во период од 2.8 до 23.9.2026 година ќе биде привремено затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди попуст од -15% …
Continue Reading
Три дена нема бактерии во водата во Гостивар, но се’ уште не е за пиење
Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одлуката е донесена по повеќекратни анализи на квалитетот на водата, кои покажале дека таа повеќе не е загадена со фекалии. …
Continue Reading
Неколку членови на екипажот почувствувале мачнина, авион од Рим принудно слета
Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, …
Continue Reading