Планината на боговите Олимп впишана во светското наследство на УНЕСКО

Поширокиот регион на највисоката грчка планина Олимп, од денеска е дел од Списокот на светско наследство на УНЕСКО по едногласна одлука на надлежниот Комитет донесена на 48-та сесија што се одржува во Јужна Кореја, соопштија Министерствата за култура и животна средина и за енергетика на Грција. Според нив, одлуката е „едно од најзначајните меѓународни признанија во областа на заштитата на …

Continue Reading

На Клиника почина 16-годишно момче, му се слошило седејќи на гости

Тинејџер на 16 годишна возраст од скопското село Кондово починал откако му се слошило за време на посета на роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според објавата на МВР, дечкото заедно со неговата мајка кратко по пристигнувањето во Сингелиќ изгубил свест и бил пренесен на скопските клиники, каде кратко време по приемот починал. – На 25.07.2026 во …

Continue Reading

Од утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание …

Continue Reading

Гостивар утре добива технички исправна вода, вели Мицкоски

Технички исправна вода за користење се очекува да добијат жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден, потврди премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода …

Continue Reading

Мицкоски: Следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие …

Continue Reading

Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја …

Continue Reading

ГН на Бахреин ќе се вози во Малезија

Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè …

Continue Reading

Жестока битка меѓу Реал и ПСЖ за потписот на Диоманде

Реал Мадрид направи клучен чекор во трката за еден од најбараните млади таленти во Европа, Јан Диоманде, постигнувајќи усмен договор за личните услови со крилниот напаѓач на РБ Лајпциг. Со тоа, „Кралскиот клуб“ се изедначи со Пари Сен Жермен, кој доби „зелено светло“ од играчот уште во јуни. Минатиот месец, Парижаните се согласија на петгодишен договор со Диоманде до 2031 …

Continue Reading

Ристовски ќе го напушти Сараево

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови. Медиумите од Босна …

Continue Reading