Млади штркови паднале од гнездата во невреме, ги згрижија вработени во Општина Чешиново-Облешево

Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат …

Continue Reading

Во Старата скопска чаршија откриена спомен-плоча во чест на Адолф Циборовски

Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена спомен-плоча во чест на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, како признание за неговиот значаен придонес во зачувувањето на едно од највредните културно-историски обележја на главниот град. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, внуката на Циборовски, како и …

Continue Reading

Николоски со порака: Ние градиме, тие уништуваат, но Македонија ќе оди напред

Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има… напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на …

Continue Reading

Израелски доселеници запалија две џамии на Западниот Брег

Израелски доселеници рано утринава нападнале палестински села на окупираниот Западен Брег, запалиле две џамии и испишувале графити на објектите, соопштија палестински претставници. Жителите излегле од своите домови за да им се спротивстават на доселениците, по што дошло до вооружен судир, наведоа палестински претставници. Според податоците на Обединетите нации и на Палестинската управа, годинава во насилство поврзано со израелските доселеници се …

Continue Reading

Се самоуби мажот што ја уби сопругата пред очите на ќерката во Сараево

Тарик Прусац, кој се наоѓаше во притвор поради сомнение дека на 1 мај годинава ја убил сопругата Елма Годињак во сараевската населба Добриња, починал во Казнено-поправниот завод Игман, откако, според информациите на медиумите во БиХ, извршил самоубиство. Според весникот „Аваз“, тој си го одзел животот така што од својата дуксерка направил јамка, која ја прицврстил за дел од затворскиот кревет. …

Continue Reading

Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. …

Continue Reading

Ја фатил мајка му низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата …

Continue Reading

Петгодишно дете тешко повредено во несреќа со четирицикл, кумановка изгубила контрола и се превртеле

Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено. „На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата …

Continue Reading

Осум лица уапсени во акција на полицијата, пронајдена дрога во Скопје и Тетово

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) …

Continue Reading