Пијан 38-годишен велешанец ја тепал мајка си, полицијата го уапси
Полицијата вчера го упаси 38-годишниот Т.Р. од Велес откога неговата 62 – годишна мајка пријави насилство. „Физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 …
Continue Reading
Македонија шанса за излез на Индија на европскиот пазар: Милионски буст за домашната економија
Во период кога Индија забрзано го проширува своето глобално економско присуство, Македонија може да се позиционира како една од точките преку кои индиските компании ќе ги приближат своите производи, услуги и инвестиции до европскиот пазар. Историската посета на индиската претседателка на Македонија Друпади Мурму ,отвора можност за ново ниво на економска соработка меѓу двете држави. Покрај политичката порака, клучен е …
Continue Reading
Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница, ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија, велат од СДСМ
И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ. Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника. „Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. …
Continue Reading
Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка иако знаел дека нема наполнето 15 години
Полицијата од Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. „Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата …
Continue Reading
Пронајдени цревни бактерии: водата во Дворци, Општина Пласница, не е безбедна за пиење
Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење. Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без …
Continue Reading
Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, одржа работна средба со претставници на винарии членки на здружението „Вина од Македонија“, како и со претставници на други поголеми винарии. На средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици во секторот, како и за потребата од координиран пристап меѓу институциите и винарската индустрија. Серафимовски ја истакна подготвеноста на Министерството за земјоделство, …
Continue Reading
Божиновска: Македонскиот рубин како автентично минерално богатство заслужува да биде достојно претставен пред светот
Од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини соопштуваат дека по значајниот исчекор што министерството го има направено со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на …
Continue Reading
Со 4,7 милиони денари почна реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денес е во работна посета на Општина Зрновци каде почна реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ , кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу …
Continue Reading
Лажно се претставиле како полицајци и сакале да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, сосетката ги спречила
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од село Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. „На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во …
Continue Reading