(Видео) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за опозициски пратенички прашања упати две прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека земјоделскиот сектор се соочува со сериозна криза, а Владата не презема суштински мерки за нејзино надминување. На почетокот од своето обраќање, Крмов изрази жалење што новоименуваниот министер Борче Серафимовски не присуствувал на седницата, оценувајќи дека како …
Continue Reading
„Нов министер, исти лаги – Серафимовски ги измеша производна и откупна цена на грозјето“, велат од СДСМ
„Ново име, исти манипулации. Уште на првиот настап новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски покажа дека не е способен за функцијата. Се потврди тоа што СДСМ го зборуваше – реконструкцијата на Владата е само смена на имиња и нема да ги реши проблемите на земјоделците“, велат од СДСМ. „Во денешната изјава за производната цена на грозјето, Серафимовски ги измеша лончињата. …
Continue Reading
Беким Сали: Северна Македонија останува цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното …
Continue Reading
Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“
Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината …
Continue Reading
„Колку квадрати бетон вреди едно Водно“, прашуваат од ЗНАМ
„Вчера во Советот на Општина Центар не се одлучуваше само за уште една урбанистичка точка. Се одлучуваше дали ќе се заштити Водно или повторно ќе се отвори патот за нов бетон. Движењето ЗНАМ за Наша Македонијагласаше против.
Нашиот став беше јасен. Не може да се носат одлуки за Водно без мислење од надлежните институции за ризикот од ерозија и свлечишта. Не …
Continue Reading
„Мицкоски е дотеран до ѕид, му треба алиби за избори“, велат од СДСМ
„Христијан Мицкоски се обидува да ја претстави реконструкцијата на Владата како нормален потег, но реалноста е сосема поинаква. Мицкоски е дотеран до ѕид и нема излез, освен предвремени избори. Буџетот е празен. ЕУ интеграциите се стопирани. Со ова темпо, наскоро нема да има пари ниту за пензии“, велат од СДСМ. „Целата Влада е составена од луѓе со бугарски пасоши, додека …
Continue Reading
Прегазена жена во Велес: со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна …
Continue Reading
Измамена жена од Прилеп: по комуникација преку социјални мрежи дала околу 700.000 денари
Вчера во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Кривична против 38-годишник: украл керамички сад од археолошкиот локалитет „Муталово”
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”, атар на село Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос) – предмет кој е културно наследство, и го …
Continue Reading