Општина Кисела Вода и Град Скопје со значаен заеднички проект: Се пробива улицата „Димо Хаџи Димов“


beti-kisela-voda-sednica-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста на заедничкото дејствување меѓу Општината и Градот Скопје, што е клучно кога станува збор за реализација на големи проекти од суштинско значење за инфраструктурата.


Проектот предвидува поврзување на „Димо Хаџи Димов“ со кружниот тек пред „Припор“. Со воспоставување на оваа нова сообраќајна врска, значително ќе се растерети сообраќајниот притисок во овој дел од градот, овозможувајќи побрзо и побезбедно движење на возилата, како и намалување на времето на чекање на семафорите кај крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, кај бензиската станица „Мечкаров“.

„Со пробивањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ и поврзувањето со кружниот тек кај Припор, директно се решава еден од клучните сообраќајни проблеми во овој реон. Соработката со Град Скопје е од суштинско значење кога работиме на вака големи и значајни инфраструктурни зафати кои го олеснуваат секојдневното движење на жителите во нашата општина. Наскоро овозможуваме почеток на реализацијата на овој проект и на терен, со што покажуваме дека сме целосно фокусирани на реални решенија кои значат подобра и пофункционална Кисела Вода“, посочи градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK