Хоџа го означи почетокот на регулацијата на Сува Река: Инвестиција од 376 милиони денари за чист и безбеден Сарај

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го означи почетокот на изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, за кој МЖСПП обезбеди 376 милиони денари. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, градоначалникот на Општина Сарај, Мухамет Елмази и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Хоџа истакна дека …

Continue Reading

(Видео) Бочварски до Јаневска: Затворањето училишта ќе остави наставници без работа – кај тера оваа власт?

Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на …

Continue Reading

Сопружници осомничени за убиството на Ацо Трповски во скопска Автокоманда

Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување …

Continue Reading

(Фото) Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово

Со свечена церемонија денеска (15 јули) во касарната „Боро Менков“ во Куманово заврши уште едно успешно поглавје на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) чие седиште изминативе шест години беше во нашата држава, по што истата врз принципот на ротациона основа својата мисија ќе продолжи да ја извршува во Истанбул, Република Турција Министерот за одбрана Владо Мисајловски се обрати …

Continue Reading

(Видео) Кузманоска: 5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата. Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места“, вели Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во оваа насока Владата донесе Оперативен план …

Continue Reading

Зајкова: Губиме време, губиме пари, само денес губиме 4,2 милиони. Дајте да се затвориме и да направиме национален план за патот до ЕУ

„Историјата нема да нè памети по тоа кој бил власт, а кој опозиција. Ќе нè памети по тоа дали сме имале храброст да донесеме одлуки кога и било најпотребно на државата и граѓаните. Губиме време, губиме пари за граѓаните. Само денес ризикуваме да изгубиме 4.2 милиони евра“, изјави во својот говор на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, претседателката на …

Continue Reading

Во Собранието претставени приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ

Денеска во Собранието се одржа заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции со единствена точка на дневен ред – Презентација на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули – декември 2026 година, од Брендан Вард, амбасадор на Ирска за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Романија. Седницата …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

„Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе …

Continue Reading

(Видео) Фрчкоски: Над 2 милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми. Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста“, рече Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ. …

Continue Reading