Рекордни температури во Барселона

Барселона денес ја забележа највисоката температура во историјата на шпанскиот град, 40,5°C, објавија регионалните метеоролошки служби, со што го сруши претходниот рекорд од 40°C поставен во јули 2024 година. Во овој многу популарен туристички град во Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Шпанската метеоролошка агенција „Аемет“ вчера издаде црвено предупредување за екстремна топлина во делови …

Continue Reading

Германски лекар осуден на доживотен затвор за убиство на 15 пациенти, им давал смртоносна комбинација на лекови

Германски лекар за палијативна нега е осуден на доживотен затвор откако судот во Берлин го прогласи за виновен за убиство на 15 од неговите пациенти. Судот го прогласи 41-годишниот Јоханес М. за виновен за убиство на дванаесет жени и тројца мажи помеѓу септември 2021 година и јули 2024 година, објави Би-Би-Си. Жртвите биле на возраст од 25 до 94 години …

Continue Reading

Мисајловски: Ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за ЕУ

Сојузниците остануваат посветени на зацврстувањето на безбедноста и единството на Алијансата, а со зајакнување на соработката, зголемување на инвестициите во одбраната, развојот на европската и трансатлантската одбранбена индустрија и јакнењето на одбранбените капацитети и способности, Алијансата ќе биде уште посилна. Тоа се пораките кои беа испратени од денешниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво шефови на држави и влади, на …

Continue Reading

Гаши на средба со Кос: „Потврден напредокот на земјата во спроведувањето на клучните реформи“

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со комесарката за проширување, Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на …

Continue Reading

Генералниот секретар на Интерпол пристигна во Охрид

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. „На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации …

Continue Reading

Трамп: Ќе ѝ дадеме на Украина лиценца за производство на ракети „Патриот“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“. Американскиот претседател рече дека „птица му шепнала“ дека се планира таков потег, а предлогот го даде во контекст на дискусија за доцнења во испораката на американските ракети, објави „Скај њуз“. Во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече: „Една од …

Continue Reading

Во американските напади врз Иран загинаа осум војници, Техеран се заканува со одмазда

Осум ирански војници беа убиени во најновите американски напади врз Иран, објавија иранските државни медиуми попладнево, објави „Скај њуз“. Канцеларијата за односи со јавноста на иранската војска соопшти дека персоналот на воздухопловните сили и морнарицата е убиен во Бандар Абас и Бушер. Властите ги објавија и имињата на војниците. Заедно со имињата на загинатите, војската издаде соопштение во кое се …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Kрајно време е по 13 години да се откочи процесот на прием на нови членки во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара. Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици. Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката …

Continue Reading

Јаневска: „Стив Наумов“ и „Кузман Шапкарев“ ќе бидат првите два целосно реновирани студентски домови

Образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Заедно креиравме финансиска рамка од 86 милиони евра со кои ќе реализираме 16 капитални инвестиции – ќе се реконструираат 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денес го истакна министерката …

Continue Reading