Уапсени 24 возачи, 19 од нив возеле без возачка дозвола


policija-stop.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 24 возачи поради „безобѕирно управување возило“.


Од нив, 19 управувале возило без возачка дозвола (пет во Неготино, по четири во Скопје и Струмица, две во Тетово и по едно Демир Капија, с.Дебреште, Кривогаштани и Штип). Под дејство на алкохол возеле три лица (во Тетово, Ресен и Велес), а две лица на автопатот во гевгелиско возеле со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK