Возач неколку пати удирал во мотоцикл во Скопје, па го влечел возачот по улица, МВР трага по него

Мотоциклист е повреден во инцидент што се случил на улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје по претходно недоразбирање во сообраќајот, информираат од МВР. Според пријавата, на 23 јуни во 18:20 часот, лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н. (29) од скопско, при што мотоциклистот паднал. Откако се подигнал, според пријавеното, возачот на …

Continue Reading

Дрво паднало врз 51-годишен жител на Валандовско, тешко повреден

Педесет и едногодишен маж од валандовското село Пирава се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднало дрво додека вршел сеча на дрва во близина на браната Водоча. Како што информираат од МВР, на 23 јуни во 15:51 часот во СВР Струмица од Медицинскиот центар во Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Ч. …

Continue Reading

Франција го потврди првиот случај на ебола во земјата

Франција го потврди првиот случај на ебола во земјата. Станува збор за лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго и веднаш бил примен во специјализирана здравствена установа. Според француското Министерство за здравство, неговата состојба е стабилна. Во Конго минатиот месец беше прогласена епидемија на ебола, при што се регистрирани околу 1.000 случаи на зараза и повеќе …

Continue Reading

Минчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка: Заедничката работна група бележи значителен напредок

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ. На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на професионалниот развој …

Continue Reading

Бањаја од следната сезона ќе вози Априлија

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ќе го напушти овој тим на крајот од сезоната, беше објавено во средата. Двократниот светски шампион вози за фабричкиот Дукати од 2021 година, на чиј мотоцикл освои две последователни титули, забележувајќи 31 победа досега. Тој моментално е петти во генералниот, а во Априлија тимски колега ќе му биде Марко Бецеки. Бечеки, води во поредокот, во …

Continue Reading

Мицкоски: Националниот центар за вештачка интелигенција е инвестиција во иднината

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот „Везилка“ претставува инвестиција во иднината и значаен чекор кон развој на науката, иновациите и конкурентноста на македонската економија. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Националниот центар за вештачка интелигенција ќе создаде нови можности за научниците, истражувачите, студентите и компаниите, како и услови за поврзување на науката и стопанството. Тој посочи дека развојот на вештачката …

Continue Reading

Дигитална трансформација на системот за бесплатна правна помош

Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Олег Солдатов потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес. Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, …

Continue Reading

Челзи го претрка Интер за потписот на Палестра

Италијанските медиуми објавувија дека се случил пресврт во трката за потписот на младиот италијански фудбалер Марко Палестра Челзи сериозно ја надмина понудата на Интер и ја презеде иницијативата во преговорите со Аталанта. Според неколку извори, „сините“ се подготвени да платат околу 55 милиони евра со дополнителни бонуси, а играчот би добил поголема плата од онаа што му ја понуди Интер, …

Continue Reading

Македонија бара објаснување од Софија за протечениот документ за семејството на премиерот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повикало на разговор бугарската амбасада во Скопје и побарало објаснување за објавувањето на дипломатска нота поврзана со приватно патување на членовите на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, соопшти денеска министерот Тимчо Муцунски. Тој информираше дека до бугарскиот амбасадор бил изразен висок степен на незадоволство поради објавувањето на документот, но дека досега не …

Continue Reading