Дигитална трансформација на системот за бесплатна правна помош


filkov-1000015135.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков и раководителот на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Олег Солдатов потпишаа договор за поддршка на изработката на нов софтвер за бесплатна правна помош, кој ќе овозможи поефикасно и поквалитетно управување со целиот процес.


Со воведувањето на дигитално решение, постапките ќе станат побрзи, поедноставни и потранспарентни. Софтверот ќе овозможи ефикасно управување со предметите, побрза обработка на барањата и подобра координација помеѓу сите институции и даватели на бесплатна правна помош.

За граѓаните, ова значи полесен пристап до услугите, поголема достапност на информациите и поедноставено остварување на правото на бесплатна правна помош. На овој начин се зајакнува пристапот до правда и се обезбедува подобра заштита на правата на сите граѓани.

Оваа активност, реализирана со поддршка на Советот на Европа, претставува значаен исчекор кон современ, ефикасен и дигитализиран систем на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK