Утре сончево и топло, попладне со услови за невреме со појава на град и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе …

Continue Reading

Мајката ги оставала малолетните деца да спијат во возило додека одела на работа: пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Утрово на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С., соопштија …

Continue Reading

Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

Македонски Телеком, преку Фондацијата Телеком за Македонија, ја доби наградата за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење кое придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без сајбер-насилство и говор на омраза. Наградата ја доделуваат Конект и Министерстовто за економија и труд и претставува национално признание за најдобрите практики и иновации кои создаваат значајни општествени …

Continue Reading

Крајот на SEO ерата: Репутацијата на брендовите станува „машински читлива“

Дигиталниот маркетинг и корпоративните комуникации се наоѓаат пред најголемата парадигматска промена од појавата на пребарувачите. Со подемот на вештачката интелигенција и големите јазични модели (LLM), традиционалната битка за првата страница на Google го губи своето примарно значење. Новата цел на бизнисите не е едноставно рангирање со линкови, туку обезбедување клучна позиција во самите AI одговори. Патувањето на потрошувачот веќе не …

Continue Reading

Шефот на германскиот гигант: Не очекува уште еден шок на пазарот со нафта

Светските резерви на нафта полека се исцрпуваат и ако Ормускиот теснец не се отвори наскоро, би можеле да бидеме сведоци на уште еден ценовен шок на пазарите до крајот на годината, предупреди Маркус Камиет, извршен директор на германскиот хемиски гигант „БАСФ“. Во средината на март, членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) одлучија да пуштат вкупно 411,9 милиони барели нафта …

Continue Reading

Омилениот појадок на принцот Вилијам чини малку, а нутриционистите го фалат

Многумина би очекувале идниот британски крал да го започне денот со раскошен појадок, но омилениот утрински оброк на принцот Вилијам е изненадувачки едноставен и лесно достапен за повеќето луѓе. Принцот од Велс, всушност, избира ист појадок секое утро: две јајца, тост од цело зрно со путер, чаша сок од јаболко и шолја чај, пишува „Мирор“. Иако таков оброк може да …

Continue Reading

ЕУ воведува нов пакет санкции против Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го објави 21-от пакет санкции против Русија. Таа истакна дека Европската Унија се обидува да ги ограничи приходите на Русија од енергетскиот сектор поради кризата на Блискиот Исток и да го „одржи целиот интензитет“ на претходно воведените санкции. Новиот пакет предвидува одложување на прилагодувањето на горната граница на цената на руската …

Continue Reading

Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Проф. д-р Веселинка Лаброска е новата претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам. Tаа доаѓа на местото на досегашната претседателка на Советот, Симона Груевска-Маџоска. Од Министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила предлогот за именување на Лаброска, која е дописен член на МАНУ и редовен професор во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков …

Continue Reading

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со која му е изречена казна затвор од една година за кривичното дело „бесправно градење“. Во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во куќен притвор, од март до август. Во однос на обвинението за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, жалбата на Јакимовски …

Continue Reading