Шпанскиот министер за надворешни работи: Шпанија нема да учествува во војната меѓу САД и Израел против Иран


Depositphotos_726921744_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанија нема да учествува во војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, изјави денес министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес.


„Нема да учествуваме во никаква акција што би можела да значи ескалација. И пред сè, сметаме дека нема воено решение за оваа криза“, рече Албарес, објавува „Фајненшл тајмс“.

Алберес оцени дека светот е поделен на две позиции, односно онаа заснована на меѓународното право и онаа заснована на „законот на џунглата“.

„А тоа значи хаос, насилство и војна како замена за надворешната политика“, рече Албарес, објавува Танјуг.

Мадрид го повлече својот амбасадор од Израел во март. Шпанија, предводена од социјалистичкиот премиер Педро Санчез, постојано инсистираше ЕУ да упати построги критики до Израел и отворено ја критикуваше американско-израелската војна против Иран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK