Нико Паз сака да остане во Комо
Нико Паз не сака да брза со враќањето во Реал Мадрид и по пласманот на Комо во Лигата на шампионите, сака да остане уште една година. Џанлука Ди Марцио денес откри дека Аргентинецот нема ништо против да остане уште една сезона во Комо, со кого ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, наместо да биде во пеколна конкуренција на клупата …
Continue Reading
Утре сончево и топло до 34 степени, попладне локална нестабилност
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло …
Continue Reading
Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на соработка на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт …
Continue Reading
Иран објави три клучни црвени линии
Во текот на изминатиот викенд се чинеше дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, но американскиот претседател Доналд Трамп им порача на двете страни да не брзаат со постигнување на договорот. „Или ќе постигнат одличен договор или нема да има никаков договор“, изјави Трамп вчера. Недолгo потоа, во текот на ноќта, САД изведоа …
Continue Reading
Израел ги проширува операциите во Либан
Израелската војска ги прошири своите копнени операции во јужниот дел на Либан надвор од таканаречената „жолта линија“, јавуваат израелските медиуми. Станува збор за подрачје долж заедничката граница кое Израел го држи под окупација во рамките на, како што наведува, борбата против проиранската милитантна група Хезболах. Поимот „жолта линија“ го воведе Израелската војска (ИДФ), иако таква граница не беше спомената во …
Continue Reading
Средба на Пратеничката група за соработка со Италија со амбасадорот Палминтери
Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава. На сребата покрај претседателот на Пратеничката група, Елми Азири, беа присутни и членовите: Благица Ласовска, Димитар Ковачевски и Мевмед Џафери. Претседателот Азири изрази благодарност за иницијативата за оваа средба, истакнувајќи дека билатералните односи меѓу двете земји се традиционално добри и …
Continue Reading
Зеленски од самитот во Киев: Русија се обидува да ја вклучи Белорусија во војната против Украина
Денес во Киев се одржува самит на 24 земји, претежно европски, каде што учесниците ги поддржаа аспирациите на белорускиот народ да се ослободи од руското влијание и истакнаа дека Русија се обидува подлабоко да ја вклучи Белорусија во војната против Украина, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Денес во Киев се одржува самит на кој учествуваа 24 земји, претежно од …
Continue Reading
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard
Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе …
Continue Reading
Потпишан Меморандум за разбирање и за соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. …
Continue Reading