Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање
Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, …
Continue Reading
Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од секој обид за развој на нуклеарно оружје, иако преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се уште се во застој. „Сто проценти ќе престане“, рече Трамп во интервју за радио емисијата „Сид и пријателите наутро“ на WABC, кога беше прашан дали верува …
Continue Reading
Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега
Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од 4 милијарди во споредба со проценката презентирана на крајот од минатиот месец. На само шест месеци до општите избори, на кои републиканците на претседателот Доналд Трамп би можеле да се соочат со тешка битка за задржување на мнозинството во Претставничкиот …
Continue Reading
Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски
Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение. „Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен …
Continue Reading
Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари. Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот …
Continue Reading
Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и потенцијали …
Continue Reading
Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена
Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Москва нема намера да ја заврши. „Мислам дека се ближи крајот“, им рече Путин на новинарите во саботата за петгодишната војна. Замолен да ги коментира коментарите на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека дел …
Continue Reading
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети. Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните резултати од работата, со тековните програми и активности, …
Continue Reading
Oдбележување на светскиот ден на пчелата во Гевгелија
Во организација на АДРА Македонија, Амбасадата на Република Словенија, Пчеларската федерација на Македонија и Општина Гевгелија, на 13 мај 2026 година (среда), во Гевгелија ќе се одржи свечено одбележување на Светскиот ден на пчелата. Годинава, домаќин на настанoт е Општина Гевгелија, а програмата ќе се реализира под мотото „Bee the SDG Solution – Solution for Sustainable Development“, со цел подигнување …
Continue Reading