По 12 години, знамето на ЕУ повторно ќе се вее над унгарскиот парламент
Новата претседателка на Унгарски парламент, Агнеш Форстхофер, денеска најави дека знамето на Европска Унија повторно ќе биде поставено на зградата на парламентот во Будимпешта, по пауза од 12 години. „Наредувам од денес, по дванаесет години, знамето на Европската Унија повторно да се вее над зградата на унгарскиот парламент“, изјави Форстхофер по изборот на конститутивната седница на парламентот, каде доби поддршка …
Continue Reading
(Видео) Брилијантна победа на Хорхе Мартин, ужасен пад на Марк Мркез
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, славеше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Франција, петтата рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП. Во Ле Ман, Шпанецот ја забележа својата втора победа во спринт оваа сезона (вкупно 18-та во кариерата во спринт трките), откако претходно победи во Остин, Тексас, по неверојатниот старт од осмата позиција. Најблиску …
Continue Reading
(Видео) Нерешениот резултат во Ливерпул не му оди во прилог на Челзи
Фудбалерите на Ливерпул и Челзи одиграа нерешено 1:1 во 36-то коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон, не победија, но успеаја да ја прекина црната низа, од шест последовни порази во Премиер лигата. Со овој бод, „Црвените“ се доближија до петтото место и директен пласман во Лигата на шампионите, додека „Сините“, дополнително ја влоѓија ситуацијата во која се наоѓаат и …
Continue Reading
(Видео) Шатори, коридори и полициски блокади: Тенерифе се подготвува за пристигнување на крузерот со хантавирус
Поради пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“, во Тенерифе се спроведуваат силни безбедносни подготовки, откако на бродот беа потврдени случаи на опасниот андес сој на хантавирус, од кој досега починаа три лица. Бродот, на кој има речиси 150 патници и членови на екипажот од 23 држави, треба да пристигне во индустриското пристаниште Гранадилја утре во раните утрински часови. Големи подготовки во …
Continue Reading
Иран потврди дека ќе учествува на Мундијалот
Иранската фудбалска федерација во саботата потврди дека националниот тим ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но во исто време побара од земјите домаќини, САД, Мексико и Канада, да ги прифатат нивните услови во контекст на војната на Блискиот Исток. Ова барање дојде откако Канада му забрани на претседателот на иранската федерација да влезе на Конгресот на ФИФА минатиот …
Continue Reading
Нејмар ќе биде на поширокиот список за Светското првенство
Нејмар, напаѓачот на Сантос, ќе биде на прелиминарниот список на бразилската репрезентација за Светското првенство, објави новинарот Диого Дантас од весникот „О Глобо“. Селекторот Карло Анчелоти треба да го предаде списокот од 55 играчи во понеделник, 11 мај, додека конечниот список ќе биде објавен следниот понеделник, 18 мај. Нејмар не играл за репрезентацијата од октомври 2023 година, кога ја повреди …
Continue Reading
Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот
Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето. Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски дојде на власт со лаги за Преспанскиот договор и враќање на името, кажа Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата. Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа …
Continue Reading
(Видео) Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ користи „гебелсови методи“ за комуникација, преку ширење лажни вести, оцрнување на политички противници и создавање вештачки непријатели. Во изјава за медиумите, Филипче рече дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се засноваат на пропаганда која, според него, се спроведува преку мрежа на медиуми поврзани со поранешниот унгарскиот премиер Виктор Орбан. „ВМРО соработуваше со фашистите, …
Continue Reading