Општина Карпош: Лукровски е на боледување, нема дадено оставка

Градоначалникот Сотир Лукровски нема дадено оставка и моментално е на боледување, соопшти Општина Карпош. „Ги демантираме наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“, …

Continue Reading

Јакимовски до Лукровски: Не може да седиш дома, да се правиш болен и да земаш плата од 2.000 евра

Не може да седиш дома, да се правиш болен, да земаш плата од околу 2.000 евра, му порача поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на актуелниот градоначалник, Сотир Лукровски. Јакимовски обвинува дека Лукровски не ја води општината, туку дека ВМРО-ДПМНЕ вовело колективно раководење во Карпош. „Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност. Таа работа не …

Continue Reading

Општина Струмица – пример за успешно функционирање на Локалниот совет за превенција

Претставници на Општина Струмица, заедно со СВР Струмица, учествуваа на регионална работилница организирана од ОБСЕ на тема: „Вовед во воспоставувањето и операционализирањето на Локалните совети за превенција (ЛСП)“. На настанот свои излагања имаа Ѓорги Аризанов, во својство на секретар на ЛСП Струмица, и Никола Крстев, командир на ПС ОН при СВР Струмица. Презентацијата ја проследија претставници од општините Кисела Вода, …

Continue Reading

Трамп го прогласи 8 мај за Ден на победата во Втората светска војна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прогласи 8 мај за Ден на победата во Втората светска војна, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social. Во прогласот, тој наведе дека тоа ја означува „монументалната победа на Америка над тиранијата и злото во Европа“, која, според документот, ја воделе американските вооружени сили и сојузници. Во документот, Трамп потсетува дека на 8 …

Continue Reading

СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, уште еден член ја напушти партијата

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, велат од СДСМ. „Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со …

Continue Reading

Сељатин Бељули е именуван за државен секретар на МЖСПП

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог …

Continue Reading

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна својата сопруга. Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(30.04.2026 – 07.05.2026) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 …

Continue Reading

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем, предлагаме интервентни мерки за стабилизација

Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, велат од Левица. Споед партијата, производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, смета Левица, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе …

Continue Reading