(Видео) Давчевски: Ветуваше чист град за 72 часа а сликата на Скопје со Орце денеска е одвратна, преполни контејнери и смрдеа

Сликата на нашето Скопје денес не бара никакви политички анализи. Сликата на Скопје денес е одвратна, смрди на распаѓање, на неспособност и на евтин предизборен популизам. Скопје е претворено во депонија, контејнерите претекуваат, ѓубрето е расфрлано по улиците и тротоарите, а скопјани се принудени да се движат низ еколошка и здравствена бомба, вели Александар Давчевски од СДСМ. Затоа денес, додава …

Continue Reading

Дали кандидатка за член на Антикорупциска комисија ги прикривала фирмите на Цвета Ристовска, прашуваат од Левица

На денешната собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, откако Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на “славната антикорупционерка” – Цвета Ристовска, велат од оваа партија. „Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, истакна сомнежи за работата на еден од пријавените кандидати за нов член на ДКСК. Имено, кандидатката Катерина Зајковска работи токму во Антикорупциска комисија во …

Continue Reading

(Видео) Нови 2,3 милијарди евра долг за две години, пропаднаа сите лаги на Мицкоски, вели Филипче

Лагата дека владата се задолжила само за да враќа стари долгови е демонтирана со најновиот податок од Министерството за финансии. Вистината е дека само за овие две години расипничко владеење, Мицкоски акумулирал нов долг од цели 2,3 милијарди евра, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека според официјалните податоци само во првиот квартал покажуваат дека …

Continue Reading

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

Лидл Северна Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи …

Continue Reading

Малолетник претепан во кругот на училиштето во Чаир

Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ш.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 13:30 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Тешко повреден малолетник: паднал од електричен тротинет

Вчера во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Фазанерија, малолетник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Полицијата соопшти дека по наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Continue Reading

(Видео) „Ние не сме вест, ние сме луѓе“: Крик на очајни патници заробени на крузерот во Атлантскиот Океан

Меѓународната јавност е вознемирена од ситуацијата на крузерот на кој избувна епидемија од смртоносен вирус што го шират глодари. Досега, три лица ги загубија животите, додека неколку други се разболеа или се сомнева дека се заразени, пренесуваат светските медиуми. Во атмосфера на страв и неизвесност, американскиот патник и блогер за патувања Џејк Розмарин објави трогателно видео на социјалните мрежи, упатувајќи …

Continue Reading

(Видео) Невиден скандал – Тенисер вербално го нападна судијата и кршеше сè пред себе

Американскиот тенисер Тристан Бојер имаше сериозен инцидент на челенџерот во Италија, каде што беше дисквалификуван од теренот по испад кон судијата. Сè се случи во финишот на мечот, против Даниеле Рапангета, кога Бојер „пулуде“, откако противникот направи брејк. Прво, имаше вербален напад врз судијата, со тешки навреди, а потоа следуваше целосен хаос – Американецот почна да го крши рекетот и …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Мицкоски ветуваше поевтини горива, се случи нов бран поскапувања

Премиерот Мицкоски ветуваше поевтини горива, но се случи нов бран на поскапувања, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ова е уште еден удар врз семејниот буџет на граѓаните, додека власта упорно одбива да донесе конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Од денеска повторно поскапеа горивата, иако премиерот ветуваше дека тоа нема да се …

Continue Reading