(Видео) Циципас го пцуеше својот татко во текот на мечот во Мадрид

Стефанос Циципас ја прекина серија од три порази со победата над Патрик Кипсон, кој влезе на турнирот како среќен губитник, со 3:6, 7:6(6), 7:6(4), во првото коло од Мастерсот во Мадрид. Иако Циципас излезе како победник, натпреварот беше полн со драма и тензија, а грчкиот тенисер неколку пати го изгуби трпението, пцуејќи го својот татко и судијата за време на …

Continue Reading

Вујиќ по посетата на Хаг: Младиќ е во критична состојба, бараме итно лекување во Србија

Српскиот министер за правда Ненад Вујиќ денес изјави дека мислењето на српските лекари кои го посетиле генералот Ратко Младиќ во затворот во Хаг, како и мислењето на министерот, е дека не му е обезбеден соодветен третман во затворот. Вујиќ нагласи дека пуштањето на Младиќ да се лекува во Србија не е прашање на политика, ниту пресуда, туку прашање на живот, …

Continue Reading

Мјузиклот „Као какао“ на 2 и 3 јуни премиерно во МНТ

По неколкумесечни подготовки, оригиналниот македонски мјузикл „Као Какао“ конечно ги доби своите премиерни датуми. Првите изведби ќе се одржат на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот. „Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани …

Continue Reading

Во недела неколку делови од Скопје ќе останат подолго без струја

Од Електродистрибуција информираат дека во недела (26.04.2026) од 05:00 до 15:00 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Во наведениот период, делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето. Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, …

Continue Reading

Кубилијус: Литванија е политичкa глава на Европа во конфликтот со Русија

Литванскиот европски комесар за одбрана, Андријус Кубилијус, изјави дека Литванија, иако географски се наоѓа на периферијата на Европската Унија, станала еден од политичките лидери на Европа во својата политика кон Русија. Зборувајќи на форумот за одбрана во Вилнус, Кубилијус оцени дека центарот на гравитација на европското политичко размислување се поместил кон истокот на континентот во последните години, особено по војната …

Continue Reading

Англиската прогноза за фаворитите на Мундијалот ги разбесни Хрватите

Објавени се првите прогнози за претстојното Светско првенство на ФИФА, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Мексико, Канада и САД. Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика и анализа „Опта Џо“ објави предвидувања за најголемите фаворити на Светското првенство на северноамериканскиот континент. На 48 дена до почетокот на турнирот, најголеми шанси за освојување на трофејот …

Continue Reading

Со 14 милиони евра од ЕУ, Царината воведува нови системи и ја забрзува интеграцијата кон европскиот пазар

Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори …

Continue Reading

Иран планира да ослободи пријателски земји од такси за Ормускиот теснец

Иран подготвува изземање од плаќање транзитни такси за минување низ Ормускиот теснец за одредени „пријателски земји“, меѓу кои и Русија, изјави иранскиот амбасадор во Москва Казем Џалали, пренесува Анадолу. Во исто време, Техеран ја засилува контролата врз овој клучен нафтен поморски коридор, при што, според Волстрит журнал, од бродовите се бара однапред да договорат плаќање со Револуционерната гарда. Паралелно се …

Continue Reading

Ја даваме рудата го губиме ќарот, државата во зијан од концесионерите, велат од Левица

Ситуацијата што ја имаме со концесиите за мермер е јасен пример за системски поставен модел кој работи на штета на државата и граѓаните, истакнуваат од Левица. Фактот, како што велат, дека за четири години се наплатени само 1,7 милиони евра од 29 концесионери, сума која е симболична во однос на реалните приходи што се генерираат од експлоатацијата, покажува дека државата …

Continue Reading