Алиу: Со предлог измените на Законот за здравствена заштита се вреднува знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство

Чест ми е што денес сум со вас и што имам можност да se обратам по повод значајниот јубилеј – 80 години постоење и делување. Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството. Цврсто верувам дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку мерка за зрелоста и хуманоста …

Continue Reading

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, …

Continue Reading

Шефот на НАТО: Ќе направиме сè што е потребно за одбрана на Турција

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во Анкара дека воената алијанса „секогаш ќе прави што е потребно за да ја одбрани Турција“, земја-членка која беше цел на четири ирански ракети испукани минатиот месец. „Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што летаа кон …

Continue Reading

Најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал ќе го напушти „Ајброкс“

Џејмс Таверние, капитенот на шкотскиот гигант Ренџерс, објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по повеќе од една деценија поминати на стадионот „Ајброкс“. Искусниот десен бек (34), воедно и најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал, го предводеше тимот од Глазгов осум години. Во тој период ја освои една титулата во националното првенство и две во Купот. …

Continue Reading

Советниците на Трамп веруваат дека Иран не ги продолжува преговорите поради поделба во врвот на власта

Главните советници на американскиот претседател Доналд Трамп веруваат дека поделбата во сегашното раководство на Иран е главната причина зошто Техеран не ги продолжува преговорите, објавува CNN, повикувајќи се на три неименувани функционери. Тие изјавија дека администрацијата на Трамп дошла до заклучок делумно врз основа на извештаите на пакистанските медијатори. Официјалните лица велат дека дополнителен проблем е што не е јасно …

Continue Reading

Грималдо кариерата ќе ја продолжи во Турција?

Шпанскиот дефанзивец Алехандро Грималдо е еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен во изминатите три сезони, вклучувајќи ја и историската кога клубот ја освои дуплата круна во Германија и играше финале во Лига Европа. За левиот бек постои голем интерес, а како фаворит за неговиот потпис, барем според медиумите се издвојува Барселона. Вистинско изненадување е што тој прифатил понуда од …

Continue Reading

(Фото) Сценарија кои бараат брза реакција, вежбата „Блесок 26“ се одвива на Криволак

Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон „Криволак“, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интензитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата, соопшти Армијата. „ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се …

Continue Reading

Се проширува капацитетот на основното училиште „Крум Тошев“ во Трубарево

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денес заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, извршија увид во активностите за проширување на капацитетот на основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево. Станува збор за инвестиција вредна 23 милиони денари, обезбедени од Владата. „Се доградуваат 3 училници и тоалет, се прошируваат наставничката канцеларија и мензата. Ова е една од …

Continue Reading

„Политико“: Маѓар сака да го врати Австроунгарското царство на европската мапа

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, сака да го оживее влијанието на Централна Европа, користејќи го нејзиното империјално минато, пишува „Политико“, и додава дека Маѓар најавил дека ќе ги продлабочи врските со соседните земји, особено со Австрија, градејќи ги овие односи врз силни економски врски и заедничка историја вкоренета во Австроунгарската империја. „Порано бевме во иста земја, а Австрија е …

Continue Reading