Шпанскиот дефанзивец Алехандро Грималдо е еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен во изминатите три сезони, вклучувајќи ја и историската кога клубот ја освои дуплата круна во Германија и играше финале во Лига Европа.
За левиот бек постои голем интерес, а како фаворит за неговиот потпис, барем според медиумите се издвојува Барселона.
Вистинско изненадување е што тој прифатил понуда од друг клуб. Ова го тврдат швајцарските медиуми. Тврдат дека Грималдо бил на вечера со претставници на клубот од Истанбул, му бил претставен амбициозен проект каде што би бил една од централните фигури.
Договорот на Грималдо истекува во 2027 година и веќе на сите им е јасно дека тој нема да остане во Леверкузен. Клубот ќе го продаде во летниот преоден рок, единственото прашање е по која цена.
Бешикташ се надева дека цента ќе биде под 20 милиони.
Foto/ Depositphotos