Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,3 проценти во март

Годишната инфлација во Велика Британија се зголеми во март од три проценти во февруари на 3,3 проценти, под силно влијание на зголемувањето на цените на горивата предизвикано од војната на Блискиот Исток, објави денес Канцеларијата за национална статистика (ONS). Според најновите податоци, зголемувањето на инфлацијата во голема мера е резултат на зголемувањето на цените во транспортниот сектор, каде што цените …

Continue Reading

(Фото/видео) Тошковски во Идризово: Кандидатите за полицајци ја демонстрираа подготвеноста преку симулациска вежба

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на симулациска вежба на кандидатите за полицајци од генерацијата 2025/2026, кои во моментот се на теренско-тактичка обука во рамки на третиот модул од нивната основна обука. Вежбата започна со симулација на борбена тревога, по што кандидатите демонстрираа формации на движење, реакција, прифаќање и напад по контакт. …

Continue Reading

„Вински Фестивал Битола“ од 7 до 9 мај пред Офицерски дом

„Вински Фестивал Битола“ ќе се одржува од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом. Станува збор за тридневен фестивал кој ги обединува виното, музиката и урбаното дружење, со богата музичка програма и внимателно селектирана понуда на вина од домашни винарии и гастрономски специјалитети. Организаторите велат дека токму музичкиот избор е една од работите што најјасно го дефинираат фестивалот …

Continue Reading

Го излажале дека ќе му ја намалат затворската казна, осуденик измамен за 890.000 денари

Осуденик во затворот во Прилеп бил измамен дека за 890.000 денари ќе му ја намалат затворската казна. Според информациите од МВР, вчера во полиција, осуденик од Kазнено– поправната установа Затвор Прилеп пријавил дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари. Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се …

Continue Reading

Жител на гостиварско ја нападнал поранешната девојка со метален предмет

Жител на гостиварско ја нападнал поранешната девојка со метален предмет. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Е.М.(41) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 17. април, пријавениот на мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина на 36-годишна жена, со која претходно бил во љубовна врска, додека на …

Continue Reading

Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки, најавија протест

Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки. Тие предупредија дека ако во рок од седум дена нема план од надлежните, ќе протестираат. „Овојпат не чекаме повеќе. Доколку во рок од 7 дена нема конкретен писмен план за акција и почеток на подобрувањата на терен, ние, жителите на населба Водно ќе ја блокираме улицата ‘Питу Гули’ …

Continue Reading

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април, велат од УЈП

Управата за јавни приходи со информација за сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. „Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен …

Continue Reading

(Видео) ЛДП бара покрај пратениците, сите функционери да имаат едно државјанство

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара покрај измените на Законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери. „Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер го потврди заминувањето на Алушовски

Стевче Алошувски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер. Тренерот поднел оставка по елиминацијата од Охрид, во полуфиналето на Купот. Алошувски го презеде Еурофарм Пелистер пред четири месеци, кога дојде на местото на Рубен Гарабаја. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од …

Continue Reading