Николоски од Австрија: Брзата пруга на Коридор 10 ќе донесе силен економски импулс
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави: „Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. …
Continue Reading
Европарламентарци со критики до Урсула откако ја смести Турција во ист контекст со Русија и Кина
Европарламентарци од Левицата, Руди Кенес и Марк Ботенга, ја критикуваа Урсула фон дер Лајен поради изјавите во кои ја стави Турција во ист контекст со Русија и Кина, оценувајќи дека тоа може да доведе до поделба на светот на спротивставени блокови, пренесе Анадолија. Урсула фон дер Лајен, говорејќи на настан по повод 80-годишнината на германскиот весник Ди Цајт во Хамбург, …
Continue Reading
Карни му порача на Трамп: Нема диктирање услови, Канада влегува подготвена во преговорите
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека САД не поставуваат услови во тековните трговски преговори, отфрлајќи тврдења дека Канада мора да прави отстапки за да учествува во разговорите. „Не станува збор за тоа дека САД диктираат услови“, рече Карни пред новинарите во Отава, додавајќи дека двете страни работат на решавање на трговските тензии пред новите преговори за договорот CUSMA. Тој нагласи …
Continue Reading
МАГА инфлуенсерката со милиони следбеници не постои – зад неа стои студент од Индија
Инфлуенсерката која собра милиони следбеници со објави во бикини, со пиво и оружје всушност не постои, туку е лик создаден со вештачка интелигенција, зад кој стои 22-годишен студент од Индија, објави Wired, пренесува „Индекс“. Студентот, познат како „Сам“, дошол на идејата да создаде АИ лик додека собирал пари за студии по медицина. Со помош на АИ алатки, го креирал ликот …
Continue Reading
Вучиќ по разговорот со Маѓар: Подобро од очекуваното, без непријатни тонови
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека верува во прагматизмот на идниот унгарски премиер Петер Маѓар и изрази големо задоволство од исходот на нивниот вчерашен телефонски разговор за клучни теми за унапредување на односите меѓу двете држави. Вучиќ разговарал со новинарите при отворањето на нов погон на Српската фабрика за стакло во Параќин, пренесе Анадолу. Вучиќ истакна дека победата на Маѓар …
Continue Reading
Променливо облачно утре, со ветер и услови за слаб дожд на исток
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен …
Continue Reading
Хрватската ќе ги разгледа мерките на ЕК – Помалку потрошена енергија значи помали трошоци, вели Пленковиќ
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека владата ќе ги разгледа мерките на Европска комисија за справување со енергетската криза, нагласувајќи дека Хрватска веќе усвоила десетти пакет мерки вреден 450 милиони евра. Тој посочи дека целта е да се намалат ефектите од растот на цените на енергенсите врз инфлацијата, додавајќи дека „најједноставно е да се троши помалку“, бидејќи помалата потрошувачка значи …
Continue Reading
Продлабочување на соработката со Австрија во областа на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција. Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, …
Continue Reading
Имери: Техничката влада беше кризен механизам, не модел за трајно решение
Сандра Имери од ВЛЕН оцени дека ставот на ДУИ за техничката влада претставува „чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност“. Според неа, техничката влада не била демократски стандард што треба да се брани, туку итно решение наметнато од длабока политичка криза, поврзана со, како што наведува, компромитираната коалициска власт и скандалите во кои ДУИ била дел, во партнерство …
Continue Reading