Николоски од Австрија: Брзата пруга на Коридор 10 ќе донесе силен економски импулс


aleksandar-nikoloski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.


По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави:

„Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.

Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок.

Особено ги истакнав регионалните развојни проекти со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.

На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот коридор 8 и инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор.

Соработката со Австрија ја продолжуваме во духот на заедничката соработка за развој на регионот, за економски напредок и одржување на добрите билатерални односи“, објави вицепремиерот Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK